Skip to main content

Повредени двајца малолетници, паднале од велосипед

Freepik

На 09.10.2025 во 00:03 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на кеј „4 Јули“ во Прилеп, 15-годишник од Прилеп, управувајќи велосипед изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 11-годишен малолетник од Прилеп, кој се превезувал на велосипедот, додека 15-годишникот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Поврзани вести