
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Т.Т.(44) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 14.04.2025 во Полициската станица Кочани, пријавениот агресивно се однесувал и упатувал закани на полициски службеник додека вршел службени дејства, откако пријавениот претходно бил приведен за нарушен јавен ред и мир.