Skip to main content

Полицајци и адвокат од Штип ќе одговараат за спречување прибирање докази во казнена постапка

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство против Е.П., адвокат од Штип, како и против Д.Д., И.А., Г.Т. и Х.С., полициски службеници од Штип и Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавата, пријавените во текот на месец септември 2025 година преземале дејствија со кои било отежнато и спречено прибирањето на докази во кривична постапка.

Се додава дека против полициските службеници ќе биде поведена и дисциплинска постапка.

Поврзани вести