Skip to main content

Плико со куршуми и заканувачки пораки: Скопјанец добил закани по животот на детето

Скопјанец пријавил во полиција дека добил плико со закачувачки по живот пораки, а во пликото имало и куршуми.

На 18.07.2025 година во 08.23 часот во СВР Скопје С.Р. (34) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 08.20 часот на улицата „Балзакова“ каде што бил паркиран неговиот мотор, на моторот пронашол плико со заканувачки пораки по неговиот живот и по животот на неговиот син и пет куршуми внатре, соопштија од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Поврзани вести