Skip to main content

Пијан насилник крвнички ја претепал својата сопруга со чадор

Фото: Freepik

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице кое е осомничено за нанесување телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик.

Во семејниот дом на улицата „Бутелска”, на 20 јуни, осомничениот 54-годишник, во алкохолизирана состојба, ja навредувал својата сопруга, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и главата.

Од многубројните удари оштетената започнала да крвари и да губи свест, па влечејќи се успеала да стигне до дворот и од таму повикала помош.

Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Поврзани вести