Skip to main content

Падна рекетарска шема – фатено примопредавање на 165 000 евра

Alexa from Pixabay

Со месеци закани, со години рекет, со стотици илјади евра исцицани преку страв и уцен. Бирото за јавна безбедност денеска стави крај на ова. Лице е фатено на дело при примопредавање на 165.000 евра, пари кои биле резултат на долгогодишна изнуда. Акцијата е спроведена со судски налог, по насока на обвинителството и по криминалистичка обработка.

Според неофицијални информации се работи за лица од Арачиново од познатата фамилија Маслани, кои беа и поврзувани и со криминалните банди Барон и Беланоца.

– Полициското присуство во Куманово и Арачиново е видливо, а ова не е само изолиран случај. Ова е порака. Нема веќе „газди“ над законите. Нема веќе рекет врз чесни граѓани. Нема повеќе молк пред заканите – вели нашите извори.

Поврзани вести