Skip to main content

ОЈО Скопје отвори постапка против 53-годишник осомничен за брутален напад врз дете

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против 53-годишен маж, осомничен дека на 11 ноември физички нападнал 12-годишно дете во близина на булеварот „Крсте Мисирков“.

Според обвинителството, детето се движело со велосипед кога осомничениот со електричен мотор го пресретнал и започнал да го удира со тупаници и клоци по лицето и телото. Напаѓачот во еден момент извадил нож и замавнал кон малолетникот, по што со дршката го удрил по главата.

Детето успеало да се извлече и да побара помош од случајни минувачи. Осомничениот го земал велосипедот, ги исекол гумите и го фрлил на коловозот, со намера – велат од обвинителството – да оштети возила кои минувале по булеварот. Потоа го напуштил местото на настанот.

Повредениот малолетник бил пренесен во Ургентниот центар, каде му била укажана лекарска помош. Јавниот обвинител предложил на осомничениот да му биде определен притвор поради опасност од бегство,

Поврзани вести