Skip to main content

ОЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, поранешниот сопруг осомничен за убиство

Основното јавно обвинителство Скопје потврди дека смртта на жената чие тело беше пронајдено во близина на селото Летевци е насилна. Под сомнение за убиството е нејзиниот поранешен сопруг, кој е лишен од слобода, додека во врска со случајот се задржани уште три лица.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, ноќеска изврши увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотното тело на жена од скопското село Таор.

Жената претходно била пријавена за исчезната во петокот, по што биле преземени активности за нејзино пронаоѓање.

Поврзани вести