Skip to main content

Обвинителството и инспекторите на терен: Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот работник во Кисела Вода

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот.

Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор.

Поврзани вести