Skip to main content

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов за прегазената жена во Капиштец

Иако претходно се изјаснија дека нема да објават никакви податоци, МВР сепак обелодени кое е лицето кое пред неколку дена прегази жена во Капитец на ул. Народен Фронт.

Станува збор на Саит Саитов за кого е објавена меѓународна потерница.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик

Поврзани вести