Skip to main content

МВР: Нема недостаток на обрасци за возачки дозволи, обезбедени залихи за три години

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостаток на обрасци за возачки дозволи.

Ја информираме јавноста дека нема никаков недостаток туку напротив, МВР има обезбедено залихи кои се доволни за наредните три години. Термин за фотографирање на граѓаните се добива за само еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и издаваат за неколку дена, многу порано од законски пропишаниот рок, информираат од МВР.

Од Министерството апелираат до јавноста да не се шират дезинформации со кои се создава забуна меѓу граѓаните.

Поврзани вести