Skip to main content

„Мерцедес“ со тројца загинати пронајден превртен на патот ГП Блаце-Скопје

Во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки, соопшти МВР.

Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и утврдено е дека во возилото има три починати лица ( едно машко и две женски лица).

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Претходно, во 13:40 часот во ПС Бит Пззар, државјанин на Косово пријави дека три лица се исчезнати, а последен контакт имал со нив на 18.07.2026 околу 22:15 часот, кога тие биле на аеродромот во Скопје.