
Ноќва во 01.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на локален пат во с.Горна Бањица, гостиварско, мопед, управуван од малолетник од с.Горна Бањица, излетал надвор од коловоз.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Д.М.(23) од истото село, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар, соопшти СВР Тетово.