Skip to main content

Мајка нападната оти сакала да си го земе едногодишното дете

Вчеравечер во 23.25 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода В.И.(24), Р.И.(44), Ш.И.(44) и М.И.(40), сите од истото село, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнале нивната 26-годишна сопруга, снаа и внука и нејзината сестра и нејзините родители, а не ѝ дозволиле и да го земе нејзиното едногодишно дете.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок, вели СВР Тетово.

Поврзани вести