Skip to main content

Кумановец со автомобил удрил во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, учесници на младинските европски олимписки игри

На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на с.Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во нашата земја и кое се подготвувале за денешната велосипедска трка, информираат од СВР Куманово.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Поврзани вести