
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Марко Беслимовски, во својство на претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Според пријавата, Беслимовски, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, иако бил должен, не отпочнал постапка за одземање на лиценцата за вршење енергетска дејност – трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, иако компанијата не ги исполнувала законски пропишаните услови.

Македонски




