
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.06.2025) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за непрописно паркирање 90 санкции, 15 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за прекршоци што ги прават пешаците, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.