Skip to main content

И во Австрија така вози: Фатен како со „ауди“ лета по автопатот Скопје- Тетово

Вчера во 12.20 часот на автопатот Скопје- Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го сопреле М.С.Ф. (53) од Р.Австрија.

При сообраќајната контрола утврдено е дека М.С.Ф. управувал патничко моторно возило „ауди“ со австриски регистерски ознаки со брзина од 171 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 100 километри на час, соопштија од СВР Тетово.

Додаваат дека по насока на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Тетово одземена му е патната исправа, додека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Поврзани вести