Skip to main content
T5-6EHDqtj4

И екс директорот на ДПИ, Трајковски, заедно со Бектеши, спроведен во кочанскиот суд

И поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски вечерва е спроведен на сослушување во кочанскиот суд во врска со трагедијата во дискотека во Кочани во која во пожар животот го загубија 59 лица, а над 150 се повредени. Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и уште едно лице, заедно со Трајковски од полициска станица се однесени во судот.


За Бектеши како и за други лица, според информации од обвинителството, ќе се бара краткотраен притвор.

Од ОЈО Кочани откако беше сослушан претходно попладнево заминал кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов, кој ги избегнал медиумите. За него се уште не се знае дали е меѓу осомничените за трагедијата.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес-конференција соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани се работи на итно процесуирање на 14 осомничени. Тој информираше дека се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик со казна затвор од најмалку три години без горна граница на казнување, што може да се движи до 20 години. Воедно, рече дека се испитуваат дејствија на примање и давање поткуп како и незаконска набавка на пиротехнички средства.

Поврзани вести