
Ноќва во 02.00 часот на улица „Панче Попоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле Р.Х.(29), Н.Х.(54) и А.Х.(53), сите од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01.00 часот на паркинг простор од нивната зграда, по кратка расправија околу паркирање на возила, физички го нападнале од А.Т.(33) од Гостивар.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање н случајот ќе им биде поднесен соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.