
Струшката полиција поднесе кривична пријава против четири лица, државјани на Германија, Сенегал, Турција и Македонија за спречување и напад на полициски службеници при вршење службени дејствија, соопшти денеска СВР Охрид.
Кривичните дела ги сториле на 19 април годинава на фудбалски натпревар во Струга при што, со влечење, оттурнување и со физички напад, ги спречувале полициските службеници да преземаат службени дејствија по нарушен јавен ред и мир со тепачка.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(31), од Република Германија, А.Д.(25) од Сенегал, Ш.Т.(25) од Турција и македонскиот државјанин Е.Д.(28) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Лицата, тројца фудбалери од фудбалскиот клуб Гостивар и едно лице од стручниот штаб на клубот беа приведени од струшката полиција поради напад на полициски службеници по завршувањето на натпреварот со Струга. Струшката полиција поднесе кривична пријава против четири лица, државјани на Германија, Сенегал, Турција и Македонија за спречување и напад на полициски службеници при вршење службени дејствија, соопшти денеска СВР Охрид.
Кривичните дела ги сториле на 19 април годинава на фудбалски натпревар во Струга при што, со влечење, оттурнување и со физички напад, ги спречувале полициските службеници да преземаат службени дејствија по нарушен јавен ред и мир со тепачка.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(31), од Република Германија, А.Д.(25) од Сенегал, Ш.Т.(25) од Турција и македонскиот државјанин Е.Д.(28) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Лицата, тројца фудбалери од фудбалскиот клуб Гостивар и едно лице од стручниот штаб на клубот беа приведени од струшката полиција поради напад на полициски службеници по завршувањето на натпреварот со Струга.