Skip to main content

Еден загинат, повеќемина повредени во тежок судир кај охридскиот аеродром

Едно лице го загуби животот, а има и повредени во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на аеродромот во Охрид.

Според првичните информации, до несреќата дошло при судар на две патнички возила.

На местото на несреќата биле веднаш испратени екипи на Службата за итна медицинска помош, на Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и на сообраќајната полиција.

Извршен е увид за утврдување на околностите што довеле до трагичниот настан.

Поврзани вести