Skip to main content

Две скопјанки уапсени за кражба во златарница во Црна Гора

Фрипик

Црногорската полиција уапсила две скопјанки, на возраст од 55 и 33 години, под сомнение дека извршиле кражба во златарница во Игало.

Според полицијата, тие се претставиле како клиентки, а потоа го искористиле невниманието на вработената и украле четири златни ланци, кои ги сокриле во своите торби.

Осомничените биле уапсени во стан во Херцег Нови, а украдениот накит е пронајден и вратен на сопствениците на златарницата.

Против двете осомничени е поднесена кривична пријава за кражба.

Поврзани вести