Skip to main content

Двајца Турци возеле во спротивна насока сред Центар

Вчеравечер во 20.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Н.Џ.Е.(20) и Б.У.(19), двајцата од Република Турција.

Како што соопштува МВР, тие со патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент а кар компанија, се движеле во спротивна насока на булевар на подрачјето на Центар.

По документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци, велат од скопската полиција.