Skip to main content

Двајца припадници на Армијата повредени во пожар во касарната во Тетово

Вчера во 13.46 часот во СВР Тетово било пријавено дека во објект во касарната во Тетово настанал пожар. При обид да го изгаснат пожарот, со повреди се здобиле двајца припадници на Армијата, кои биле пренесени во Клинички центар Тетово за укажување на помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Запознаен е јавен обвинител, соопшти МВР.

Поврзани вести