
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 14.35 часот во СВР Скопје, Д.Б.(45) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот на паркинг простор пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје поради претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.