Skip to main content

Дали доказите на Обвинителството против Палевски се доволни или поради нивна грешка уште еден монструм ќе е слободен?

Судењето на обвинетите за убиствата за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за оваа година заврши. За десет рочишта, колку што досега се одржаа Обвинителството не презентираше доволно убедливи докази дека првообвинетиот Љупчо Палевски е непосреден извршител на грозоморните убиства кои ја потресоа Македонија. А материјални докази беа прочитани над 200.

Еве што говорат доказите

Неспорен факт е дека Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов учествувале во грабнувањето на пензионерот од Велес и девојчето. Кој од нив го потегнал пиштолот засега не е јасно. Ниту еден доказ досега не го поврза Палчо дека ги убил двете жртви, а тоа е најважното и од тоа ќе зависи висината на казните што несомнено ќе ги добијат.

Обвинителството засега не поседува телефонска комуникација помеѓу Палевски и Александар Ѓорчевски, како и тоа дека обвинетите немале меѓусебни повици на деновите на грабнувањето на девојчето.Чудно, навистина чудно.

А дека знаеле што прават знале. Од разоворите што обвинетите ги имале со вешти лица констатирано е дека тие биле пресметливи.

Затоа и чуди што двете жртви се убиени на така свиреп начин.Тоа само монтрум може да го направи. Панче бил застрелан и фрлен во дупка длабока три метри, а Вања била убиена додека клечела.  И тоа со пиштол со ист калибар како велешанецот .

Но, пиштолот со кој се убиени го нема а судијата не ни го бара како доказ.Палевски вчера напомена дека чаурата која била пронајдена во близина на местото каде што е пронајдено телото на Панче но не е доставена како доказ.Зошто?

Како еден од по релевантните докази кои вчера беа прочитани е дека на лентата која била зелепена на устата на Вања се пронајдени ДНК траги од Велибор Манев.Но, и тоа не докажува дека тој ја убил. Во воводените зборови Обвинителството пак тврдеше дека на вреќата во која било „пакувано“ девојчето има траги од Палевски,но вештачењето тоа не го потврдило.

Поради сите овие нејаснотии, Палевски побара изземање на судијата Ивица Стефановски. Доколку не биде прифатено барањето за негово изземање тој ќе има тешка задача да пресуди вагајќи ги доказите од двете страни. Првата шанса ќе ја има на 20 јануари кога е закажано ново рочиште.

Игор Чавески

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom