Skip to main content

Четиригодишно дете повредено откако во него удри малолетник на електричен тротинет

Вчера во 20:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на тротоар на булеварот „Маршал Тито“ се судриле електричен
тротинет кој го управувал 14-годишник од Тетово и детски тротинет, кој го управувал четиригодишник во придружба на негов родител.

Притоа, четиригодишното дете се здобило со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Тетово, соопштија од тетовската полиција.

Поврзани вести