
На 29.03.2025 во СВР Скопје, Д.Х.(22) од с.Синѓелиќ, скопско, пријави дека на 28.03.2025 околу 17:35 часот на подрачјето на Гази Баба, тој и неговиот брат Н.Х. биле физички нападнати од Х.Х., Е.Х., Н.Х., А.Ф. и Ј.М., сите од Скопје.
Според пријавата, напаѓачите употребиле остар, метален и дрвен предмет и му нанеле повреда на раката.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.