Skip to main content

Апсење на македонско-грчката граница, МВР ги соопшти деталите

На 11.10.2025 во 07:00 часот на Граничен премин Богородица, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.И.(41) од Грција затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира во системот со мерка „апси“ по барање на Интерпол Романија. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка, соопштија од МВР.