Skip to main content

17-годишник донесен во болница со убодна рана по масовна тепачка меѓу средношколци во Скопје

На 02.06. во 11.14 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ Скопје било пријавено дека кај нив со убодна рана е донесен 17-годишен ученик во СДУ „Ѓорги Димитров”.

Според пријавеното, тој се здобил со убодната рана во угостителски објект на територија на Карпош, каде дошло бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на ученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Скопје.

Поврзани вести