Skip to main content

За евентуални нови мерки за зголемените цени ќе се чека да заврши месецов

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека за евентуални нови мерки за зголемените цени ќе се чека да заврши месецов. По завршување на претходните мерки, како што изјави денеска, очекувано дошло до зголемување на цените, но веќе има стабилизирање на инфлацијата. Се работи на долгорочно решение со кое ќе се обезбеди структурно и планско намалување на инфлацијата. Најави дека идната недела ќе биде позната просечната потрошувачка кошничка, а методологијата за нејзината пресметка ќе биде доставена и на првата седница на Економско-социјалниот совет. Петте сегментирани потрошувачки кошнички што ги најави премиерот Христијан Мицкоски ќе се дефинираат заедно со советодавно тело.

По завршување на мерките дојде до одредено поскапување што беше и очекувано. Сепак важно е да се истакне дека инфлацијата во јуни беше за 0,8 проценти, а во мај за 1,5 проценти покачена.Иако забележавме раст на инфлацијата, се стаблизира. Ја гледаме инфлацијата по завршување на мерките. Нормално дека треба да се чекаат неколку месеци за да се стабилизира пазарот. Овој тренд укажува дека се стаблизира инфлацијата, информациите што ги имаме се дека ќе се стабилизира и во јуни. Ако ги видиме анализите на Државниот завод за статистика, во јуни имавме покачување кај Транспорт, за 2,9 проценти, кај земјоделски производи имаме многу проблеми бидејќи сме увозна држава, и кај берзанските производи како кафето – рече Дурмиши.

Базичната инфлација која бележи раст, посочи министерот, може да се контролира преку механизми од страна на Народната банка и Министерството за финансии. Но, како што рече, тоа ќе може да се спроведе доколку се избегнуваат дополнителните интервенции што се правевме досега како ограничувањето на маржите.

Во моментов работиме на долгорочно решение, како раст на домашното производство на храната, со што ќе се намали увозот, со што директно ќе се влијае врз инфлацијата. Во оваа стратегија се вклучени Министерството за земјоделство и други институции со цел да обезбедиме структурно и планско намалување на инфлацијата. Ќе чекаме и овој месец и работиме во насока да најдеме долготрочно решение – изјави Дурмиши, по прес-конференцијата за повикот за програмата Општокорисна работа.

Како што дополни, можна е и државна интервенција, бидејќи покрај цените на храната има и други сегменти со раст на инглацијата. – Можно е со други механизми од НБ и МФ. Има работна група која се среќава, со претстваници и од другите институции. Во тек сме, за кратко време ќе известиме кои ќе бидат чекорите. Сега чекаме да се стабилизираат работите и пазарот и ќе видиме ако има реално поскапување на цените кај основните прехранбено производи каде е интерсот на граѓаните, па ќе излеземе со конкретно решение и предлози, рече Дурмиши.

Тој најави дека до крајот на идната недела на првата седница на Економско-социјалниот совет, ќе биде доставена методологијата за просечната потрошувачка кошничка која ќе ги опфати сите производи потребни за четиричлено семејство.

Пребројувањето веќе е завршено, решенијата се потпишани, треба да се поделат и претпоставувам дека идната недела ќе ја имаме првата седница. Таму како точка ќе биде и методологијата на просечната потрошувачка кошничка, која е во завршна фаза и ќе биде доставена како предлог до сите членовина ЕСС и на работодавачите и на синдикатите. Ќе има една методогија која ќе ги опфати сите производи коишто се потребни за четиричлено семејство и секој месец ќе објавуваме колку изнесува. Се работи во таа насока, вчера имавме состанок, се формира советодавно тело со претставници од петте најголеми универзитети, од министерствата за финансии, земјоделство, економија и труд, од УЈП, ќе работиме во оваа насока – рече Дурмиши.

Почнале да работат и на другите пет потрошувачки кошнички. – Ќе имаме за пензионери, за студенти, за тричлено семејство, сите имаат различни потреби, пензионерите трошат повеќе за апчиња, младите за нешто друго. Во советодавното тело може да ги повикаме сите релеванатни институции и засегнати страни и секој ќе може да даде предлози, да одлучиме секоја недела да има состанок и да работиме на овие пет кошнички, дополни министерот за економија и труд

Поврзани вести