Skip to main content

Во Велес и Неготино се одржаа информативни денови за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година

Во рамки на посетата на општината Велес, на присутните им се обрати и ги пренесе своите искуства од користењето на мерката  за самовработување (претприемништво) Александра Карагирова, специјален едукатор и рехабилитатор. Таа преку користењето на оваа мерка во 2019 година го отвора Центарот за стимулација, раст и развој „Старс“, прв приватен центар од овој вид во вардарскиот регион кој нуди дефектолошки, логопедски и неурофидбек третмани.

Градоначалниците на Велес, Марко Колев и Неготино, Горан Стојанов ги повикаа жителите на овие општини да ги искористат поволностите од оваа мерка, како и од останатите мерки од Оперативниот план и да аплицираат на некој од јавните повици.

Информативни денови за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година денес се одржаа во општините Велес и Неготино. Пред жителите на општините Велес и Неготино претставниците од Министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Агенцијата за вработување ги презентираа мерките од Оперативниот план, со акцент на трите подмерки од мерката за самовработување (претприемништво), каде јавните повици се објавени и сите заинтересирани можат да аплицираат до 20 јуни.

Поврзани вести