Skip to main content

Тоа е комотна позиција на земјата: Девизните резерви се во сигурни раце, изнесуваат 4,6 – 4,7 милијарди евра

Freepik

Девизните резерви се во сигурни раце. Моментно изнесуваат 4,6 – 4,7 милијарди евра што е сосема комотна позиција за земјата, а покриваат околу 4,5-месечни вредности на увозот додека светскиот стандард што се препорачува е 3 – 3,5, рече денеска гуврнереот на Народната банка (НБ) Трајко Славески.

Како што истакна Славески на денешната отворена работна средба со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и со претставници на раководството на Комората, дел од девизните резерви се во злато кое Македонија го чува во Банката во Англија. Тим на НБ предводен од гувернерот наесен планира да ја посети Англиската банка и да провери дали златото е таму. Но, златните резерви, информира гувернерот, засега не се на задоволително ниво.

Можеме да бидеме сигурни дека девизните резерви се во сигурни раце. Тие не биле никогаш проблем. Има посебни дирекции во НБ кои раководат со нив и за тоа поднесуваат извештај до Собранието. Имаме обучени лица кои континуирано ги следат девизните резерви и движењата на пазарите, на дневна основа. Дел од девизните резерви се во злато кое го чуваме во Банката во Англија. Планирам со мој тим наесен да провериме дали е таму. Надлежни лица од НБ биле во инспекција и тоа е редовна процедура. Остатокот се вложува во сигурни хартии од вредност и во банки кои се меѓу најсигурните во светот. Редовно имаме позитивни приходи од чувањето на девизните резерви и од раководењето со нив – истакна Славески, потсетувајќи дека висината на девизните резерви е клучен фактор за одржување на фиксниот девизисен курс кога има нестабилност на светските пазари.

Тој не знае, рече, зошто е прекината практиката земјава да не го зголемува износот на монетарното злато.

Во минатото НБ од рудниците го откупуваше златото и го ставаше во златните резерви. Моментно тие не се на задоволително ниво. Златото барем последната година двојно ја зголеми цената. Секогаш кога настанува некоја несигурност во светот, инвеститорите бегаат во сигурни средства, а едно од нив е златото – потенцираше гувернерот.

Во текот на јавната дискусија, Азески укажа дека за бизнисот се уште клучни проблеми се борбата против корупцијата, сложените банкарски процедури за граѓаните и компаниите, транспарентноста,…

-Сите се колнеме во транспарентност, а транспрентноста никаде ја нема, на пример за државната помош со странските инвеститори, за стоковните резерви, за девизните резерви…, рече Азески.

Поврзани вести