
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, ја повика Владата да најде решение и преку Управата за јавни приходи да ги ослободи студентите од данок за приходите остварени преку програмата „Work and Travel“.
Според него, наместо поддршка за младите, се воведува дополнителен финансиски товар во време на економска криза. Огњеновиќ оцени дека ваквата мерка негативно влијае врз студентите кои работат и стекнуваат искуство во странство.
Од СДСМ бараат Владата да донесе одлука со која студентите целосно ќе бидат ослободени од овие давачки.

Македонски


