Skip to main content

Ристески: Со Оперативниот план за активни програми за вработување годинава ќе опфатиме повеќе од 16.000 лица, годинава фокусот е на младите лица

Оперативен план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година има голем број на нови мерки и активности со кои создаваме можност за нивно полесно вклучување на пазарот на труд, а годинава нашиот фокус е на давање на поголема поддршка за младите лица, рече денеска Рисетески.

Покрај зголемениот опфат по обем, зголемена е и финансиската поддршка, каде за самовработување на млади лица до 29 години предвидуваме поддршка од 10.000 евра неповратни средства, додека во подмерката за поддршка преку здружување на корисници до две лица да основаат бизнис, висината на финансиска поддршка изнесува до 20.000 евра ако содружници кои се до 29 години. Во Оперативниот план младите се ставени во фокусот со цел да се спречи одливот на мозоци и работна сила, тие се иднината на државата и преку овие мерки ние даваме дополнителна можност и поддршка за нивен економски развој“, кажа заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески како одговор на поставено пратеничко прашање на денешната седница во Собранието.

Со мерките и активностите во Оперативниот план за 2025 година ќе бидат опфатени повеќе од 16.000 лица, додека финансиската конструкција е во висина од преку 2,5 милјарди денари, односно 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони евра повеќе споредено со претходната година и е рекорден износ на поддршка.

Покрај самовработување, во Оперативниот план е предвидена поддршка и за компаниите за раст преку поддршка за вработување на невработени лица, а за вработување на невработени млади лица до 29 години предвиден е највисок износ на поддршка во износ до 250.000 денари.  Во Оперативниот план за 2025 година предвидени се и мерки за поголем број на разни обуки на невработените лица (работа со компјутери, странски јазици, претприемништво…), обуки за специфични професии барани на пазарот на труд, волонтирање, ангажирање за вршење на јавни работи, младински додаток, како и Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции – додаде Ристески.