Skip to main content
Регистрирано од Енергетската заедница за сработеното во 2025 година

Регулаторна: Македонија заедно со Србија и Молдавија бележат најголем реформски моментум

Македонија заедно со Србија и Молдавија бележат најголем реформски моментум – регистрира Енергетската заедница за сработеното во 2025 година кога енергетиката е во прашање. Во најновиот Годишен извештај на Енергетска заедница во кој се мониторира имплементацијата на реформите во земјите членки се нотира дека „Македонија и Србија докажаа дека може да се постигне ефикасно спроведување на законодавството на Европската унија за интеграција на пазарите на електрична енергија, како и координативно работење и управување со системите во насока на обезбедување на сигурност во снабдувањето и ова е поткрепено со нивниот видлив напредок во реформите на пазарот на електрична енергија“, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Во делот посветен на  (РКЕ) од Виена ја потенцирале проактивноста на регулаторот во спроведување на Законот за енергетика и мониторинг врз усогласеноста со раздвојувањето.

Во извештајот се нотирани спроведување на законски утврдените надлежности во поглед на мониторинг на раздвојувањето и регулаторно делување преку одобрување на тарифи за пренос и дистрибуција, годишни планови за одржување за МЕПСО, ОПС и дистрибутивните компании, како и Развојниот план за период од пет години за ОДС. Мрежните правила за дистрибуција на гас се усвоени, појаснуваат од РКЕ.

Оттаму велат дека посебен дел во Годишниот извештај е посветен за законодавството и правилата кои значат јакнење на отпорноста и менаџирањето на сајбер ризиците.

Правила за Сајбер безбедност, усвоени од РКЕ се спроведуваат од јуни 2023 година. РКЕ одобри инвестиции за претпријатија за да се започне спроведувањето на ISO 27001 стандард, се наведувало во извештајот каде било регистрирано и формирањето на Националниот совет за дигитална трансформација, како и усвојување на Законот за безбедност на мрежни и информациски системи.

Енергетската заедница оценува дека практичното спроведување на мрежните правила, транспарентното доделување на капацитети и транспонирањето на новите регулаторни рамки – се најголемите предизвици за земјите членки на Енергетската заедница но и за Европска Унија воопшто. Од РКЕ велат дека сепак, спроведувањето на мрежните правила на цела територија на ЕУ до август 2026 година се очекува да биде силен поттик за интеграција на регионалните пазари. 

Поврзани вести