
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска оствари работни средби со претставници на бизнис-секторот и здруженија на занаетчии во Делчево и Берово.

На средбите Ристески, заедно со претставници од Агенцијата за вработување и пред присутните презентираа мерките за поддршка на македонското стопанство и компании кои ги дава министерството за економија и труд, како и Агенцијата за вработување преку Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година.

Ристески на средбите се осврна за дел од мерките кои ги спроведува Министерството за економија и труд за поддршка на микро, малите и средните претпријатија, како и за поддршката на занаетчиите и занаетчиските комори.

Министерството за економија и труд преку програмите за работа издвојува финансиски средста за поддршка на македонските претпријатија, за зголемување на нивната конкурентност и општествена одговорност, за дигитализација во работните процеси на микро, малите и средните претпријатија, како и за воведување на меѓународни стандарди во нивната работа. И годинава стандардно даваме поддршка и занаетчиските коморите, преку поддршка на проекти, како и за занаетчиите преку обезбедување на финансиски средства за набавка на опрема и алати. Како Владата сме тука за да ве поддржиме во вашиот раст и развој, затоа апелирам да ги следите разните конкурси и јавните повици кои ги објавува Владата и министерствата и доколку имате интерес и можност да аплицирате на истите – каже заменик-министерот Ристески.

Заменик-министерот Ристески и заменик-директорот на Агенцијата за вработување, Весна Пешова апелираа до присутните на двете средби да ги пратат огласите на агенцијата за вработување и да аплицираат на јавните огласи од мерките од Оперативниот план за 2025 година, кои годинава има рекорден буџет од преку 40 милиони евра.

На средбите од страна на претставниците на бизнис-секторот беа дадени позитивни мислења за мерките на Владата и министерствата за поддршка на компаниите, а од нивна страна беа изнесени и повеќе идеи и предлози за подобар развој на стопанството во малешевскиот регион.
