
Во своето завршно обраќање на дебатата за Македонија, еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека ЕУ ќе продолжи да работи со земјава и да ја поддржува во нејзиниот пристапен процес, со отворање на преговорите по Кластерот „Основни вредности“, кога таа ќе ги „преземе потребните чекори за да ја заврши првата фаза од пристапувањето“.
– Сметам на поддршката од овој Дом за да останеме ангажирани. Македонија припаѓа во Европската унија, додаде Кос.