Skip to main content

Перински: Убеден сум дека локалните самоуправи можат да бидат самоодржливи

Убеден сум дека локалните самоуправи можат да бидат самоодржливи, затоа што имаме и такви примери во моментов. Имаме огромна дискрапанца помеѓу општини кои се големи загубари и општини коишто си ја работат ревносно работата, вели министерот за локална самоуправа, Златко Перински во интервју за Трилинг.

Тој нагласува дека најголема грешка на општините загубари е лошото менаџирање и планирање на приходите и расходите:

Прво, најголемата грешка во оние општини што се загубари е во делот на планирање на приходите и расходите. Значи, они планираат дека ќе приходуваат 100% од комуналните такси и даноците на имот, за жал не го прават тоа во тој процент, а врз основа на проектираната вредност на приходна страна, проектираат расходна страна којашто ја реализираат во целост.

И, тука е тој гап којшто се случува помеѓу ненаплатени целосно средства на приходната страна, а реализирана во целост расходна страна и ете тука се генерира таа загуба. Дополнително, исто така имаме огромна разлика помеѓу локалните самоуправи во делот на колектирање на средствата од сопствени извори на финансирање, коишто, верувајте ми се многу значајни за самите локални самоуправи и практично тоа е суштината на процесот на децентрализација. Градењето на капацитетите на ниво на локалните самоуправи.


Перински го нагласува и проблемот со неиздавање на решенија за наплата на данок на имот во некои општини:

Исто така, во овој случај огромна е разликата помеѓу локалните самоуправи.
Имаме локална самоуправа којашто во изминатите 10 години нема издадено ниту едно даночно решение, а имаме локални самоуправи коишто повеќе од 100% имаат наплата на данок на имот.

Според министерот секогаш менаџментот е предуслов за успешно функционирање на локалните самоуправи. Врз основа на тоа менаџирање, зависи и овој процент на наплата на долгови.


Значи, вие секогаш кога кубурите со средства, зборам сега за локалните самоуправи, прво треба да ги видите сопствените потенцијали и ресурси, а потоа да барате заем. Кога од Владата во минатите години локалните самоуправи секогаш добиваа средства за покривање на загубите, еве го резултатот. Затоа, ние рековме не, тоа не е добар модел.
Ние ќе финансираме проекти кои ќе дадат додадена вредност на локалните самоуправи и секако ќе го зголемат квалитетот на живот на граѓаните. Знаете како, можеби една асфалтирана улица во некоја општина, ќе стимулира некој приватен стопанственик да направи нова инвестиција, значи, и директно и индиректно ја раздвижуваме економијата
– вели Перински.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom