Skip to main content

Од полноќ: Поевтинуваат бензините, поскапува дизелот

Freepik

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, според која бензините поевтинуваат, додека дизелот бележи мало поскапување.

Од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 1,50 денари и ќе се продава по 74,00 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така се намалува за 1,50 денари, и ќе изнесува 76,00 денари за литар.

Во спротивна насока се движи цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), која се зголемува за 0,50 денари, и новата цена ќе изнесува 70,00 денари за литар.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува непроменета и изнесува 69,50 денари за литар.

Исто така, цената на мазутот М-1 НС бележи благо намалување од 0,174 денари по килограм, па новата цена ќе изнесува 39,409 денари за килограм.

Оваа одлука е донесена врз основа на методологијата за пресметка на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати, а се однесува на периодот што започнува од 7 јули 2025 година.

Поврзани вести