Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,922 денар по килограм и сега ќе изнесува 40,526 денар по килограм.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 од полноќ ќе изнесува 81,50 денар по литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,50 денари по литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 70,50 денари по литар. Екстра лесното масло ќе се продава по 69,00 денари по литар, а Мазутот М-1 НС по 40,526 денари по килограм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.