
Премиерот Христијан Мицкоски денеска уште еднаш потврди дека ситуацијата со горивата е стабилна, и дека Македонија е една од единствените земји во Европа каде што имаше намалување на цените.
Исто така кажа дека има доволно количини за потребите на сите граѓани и компании.
Ние сме можеби единствената држава која ги намали цените, единствена држава во регионот можеби и најдобра во Европа по цени на нафта и деривати. Колични има доволно, ќе ја следиме ситуацијата и ќе реагираме. Да не создаваме паника, состојбата е под контрола. Што се однесува до електричната енергија, АД ЕСМ дури и продава на берза и заработува, а поскапување на електрична енергија за граѓаните ќе нема“, рече Мицкоски.

Македонски



