
Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање околу предлогот на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова за нов гувернер.
Тоа е одлука на претседателот на државата. Претседателката на државата го поднесува тој предлог, така што немам што да коментирам – рече Мицкоски.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.
Славески, кој е актуелен претседавач на Советот на Град Скопје, е универзитетски професор на Економскиот факултет во Скопје и поранешен министер за финансии.