Skip to main content

Мицкоски: Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции од над една милијарда евра

Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра, напиша на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.


Тој објасни дека денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и рекорд во изминативе дваесет години.

Мандатот го започнавме со договори за странски инвестиции од над 650 милиони евра. Ќе продолжиме да работиме за раст на стандардот и благосостојба на сите граѓани.
Работиме Македонија да биде повторно ваша и повторно горда!Заедно за работа која носи дела

Поврзани вести