Skip to main content

Мицкоски на средба со Дурмиши: Ќе разговараат за цените, маржите и за Економско-социјалниот совет

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе има средба со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на која се очекува да разговараат за тоа што би се преземало во однос на цените или ограничување на маржите.

Покрај тоа, премиерот и министерот треба да разговараат и за одржување на седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС).

Одговарајќи на новинарско прашање на настанот на Царинската управа „Една година резултати“, посочи оти нема информации дека се при крај мерките за кошничка како што беа есенската или новогодишната и за ограничување на маржите.

„Денеска имам состанок со министерот за економија и труд со кој ќе разговараме за она што треба да го преземеме во периодот што следи, соодветно на ализите што ги направивме“,рече тој.

За одржување на седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), премиерот посочи дека има сознанија оти е завршено утврдувањето на репрезентативноста на синдикатите, со што, додаде, дека нема пречки таква седница да се одржи и покрај тоа што е период на одмори.

„Мислам дека Комисијата што треба да ја утврди репрезентатвноста на синдикатите ја заврши својата работа. Доколку е тоа така, денеска и за тоа ќе разговараме и со министерот, тогаш не гледам причини и покрај тоа што се одмори да не одржиме состанот. До крајот на месецот очекувам да се одржи состанок на Екомонско-социјалниот совет“,кажа Мицкоски.

На почетокот на месецов, Дурмиши рече дека се чека извештајот од Државниот пазарен инспекторат од контролите направени кај трговците во текот на јуни и доколку има зголемување на цените на основните производи, повторно ќе бидат воведени поригорозни мерки.

Тогаш, тој рече дека во мај цените биле зголемени кај сите производи што претходно имаа ограничени маржи. Намалување на цената додаде дека има кај производите кои се од домашните производители на овошје и зеленчук.  

Поврзани вести