Skip to main content

Мицкоски ќе објави инвестиција во ТИРЗ Тетово за 400 работни места

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе објави нова инвестиција од компанијата „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни места.

Мултинационалната корпорација „Џаво Отомотив“ работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили.

Освен во Турција, компанијата е присутна и во Канада, Германија и Словачка.

Поврзани вести