Skip to main content

„Казните во угостителството се до 500 евра, мора да се зголемат“, смета Ристески

Робусната акција за контрола на угостителските објекти што започна по катастрофалниот пожар во дискотека во Кочани, воопшто не е застаната, таа и понатаму продолжува, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Тој во гостувањето на Топ тема на Телма истакна дека акцијата е комбинација на повеќе институции и инспекторати и тоа се вонредни инспекциски надзори, надвор од годишниот план за инспекциски надзори.

Направени се околу 300 инспекциски надзори во угостителски објектки. Со одлука на Владата акцијата ја води МВР а вклучени се ДПИ, ДЗС, Финансова полиција и општините во делот на ингеренциите кои што ги имаат преку ЗЕЛС. Во оваа акција од 23 легитимно издадени лиценци за ноќни клубови, кабареа и дискотеки 13 од нив не ги исполнуваат минимално – техничките услови кои ги пријавиле, а само 10 имаат активна лиценца со исполнување на комплетно сите услови. На шест од оние кои не ги исполнувале условите извршена е забрана за дејност и пуштен е допис до МЕТ од страна на ДПИ за одземање на лиценцата и парична казан. Направена е контрола и на други угостителски субјекти и досега се изречени казни за неисполнување на минималните технички услови во висина од 3,5 милиони денари, рече Ристески

Тој не кажа имиња на објектите на кои им е изречена забрана за дејност. Притоа оцени дека е катастрофална казнената политика предвидена во контролата на угоститетските објекти во Законот за угостутелство кои изнесуваат од 150 до 500 евра, а станува збор за субјекти кои прават огромни профити.

Треба навистина да се направат квалитетни измени во законот за угостутелство. По големата трагедија во Кочани, не смееме да си довозволиме понатаму вакви трагедии да се случуваат поради  пропусти кои системски биле правени со години нананзад. И затоа новите измени во законот треба да ги намалат, односно да ги сведат на нула ваквите можности – прво оставање на совесност на самите кои се пријавувале да земат лиценца во однос на веродостојноста на документите кои ги приложувале, меѓутоа и совесноста на самите вработени, кажа заменик министерот за економија.

Според него, без намера да ги опавдува инспекторите, во Пазарната инспекција претежно работат правници и економисти, кои смета дека не можат да проверуваат исполнување на технички услови.

Сепак сметаме дека квалитативна промена во сето ова би било формирање на Комисијата, како што била до 2008 година кога е направена регулаторната гилотина. Бидејќи лиценците најчесто важат за една година, проверките на сите минимално технички услови кои треба да ги исполннуваат објектите би се правеле два пати годишно, а во Комисијата пред да ги утрди тие услови да стават потпис навистина стручни луѓе, рече Ристески.    

Нагласи дека со измените на овој закон на кои се работи, се предвидува повеќекратно зголемување на казните, а покрај прекршочни казни, се планира и воведување кривична одговорност за одговорните лица, како и мерка за пломбирање на објектите на кои им е изречена мерка за времена забрана за вршење на дејноста.

Ристески кажа дека се побарани нови вработувања во инспекциските служби и зајакнување на капацитетот на ДПИ од страна на Министерството за економија и труд до Министерството за финансии. Се очекува да бидат вработени околу 20 до 30 инспектори.

Една од заложбите на оваа Влада во текот на оваа година е да се зголемат капацитетите на сите инспекциски служби, вклучително и на двата инспекторати кои се под надлежност на ова Министерство. Се надевам дека ќе има многу подобра и поквалитена контрола на сите закнски прописи кои треба да ги опслужуваат овие инспекторати, рече Ристески. 

Поврзани вести