
Граѓаните кои поднеле барање за остварување на право на пензија ќе бидат известувани со СМС пораки каде да го подигнат решението.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија сакајќи да ги приближи услугите до граѓаните и осигурениците и да го подобри квалитетот и ажурноста во работата во изминатиов период воведе повеќе новини во таа насока.
Секој граѓанин што поднел барање за остварување на правото на пензија ќе биде известен со ес ем ес порака каде и кога може да го подигне изготвеното решение.
Со оваа новина Фондот официјално ќе започне од утре, 29 јули 2025 година.
Оваа услуга се воведува со цел избегнување на непотребните доаѓања на шалтерите од граѓаните и намалување на гужвите. Со ова се поедноставува процедурата на работа, а воедно се намалуваат и трошоците во работењето.
Фондот откако решението ќе биде изготвено од службите до граѓаните што поднеле Барање за остварување на правото на пензија ќе ја достави пораката со следниот текст:
„Вашето решение со бр.хххххххххххххх е изготвено. Истото можете да го подигнете во Филијалата/Деловницата на ФПИОСМ каде што е поднесено барањето“.
Во оваа прилика ја информираме јавноста дека во рамките на Фондот работи нов Кол Центар каде што граѓаните и осигурениците може да добијат информации за статусот на предметот или поднесеното барање, како и информации за условите за стекнување на:
- старосна пензија,
- семејна пензија и
- инвалидска пензија
- најнизок износ на пензија
- остварување на права со примена на меѓународни договори
- остварување на права од Законот за работни односи:
- скратено работно време,
- промена на работно место,
- непосредна опасност од настанување на инвалидност
- утврдување на својство на осигуреници (земјоделци)
- продолжено осигурување
- упатени во странство и вработени во странство
- посебни категории на осигуреници ( верски лица)
– остварување на права за осигуреници со бенефициран стаж - – задршки од пензија
- – услови за остварување на право за сместување во пензионерски дом
Во рамките на напорите за подобрување на работата на Фондот и поедноставување на начинот со кој граѓаните ги остваруваат своите права од пензиското и инвалидското осигурување, во изминатиов период преку новиот портал uslugi.gov.mk се воведени следните 13 електронски услуги:
- 1. Барање за остварување на право на старосна пензија
- 2. Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – упатени работници во странство
- 3. Барање за издавање решение за утврдување на својство на осигуреник – вработени во странство
- 4. Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – верски службени лица
- 5. Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник- индивидуален земјоделец
- 6. Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – продолжено осигурување
- 7. Барање за донесување на наод оцена и мислење за права од Законот за работни односи
- 8. Донесување наод, оцена и мислење согласно одредбите од Законот за вработување на инвалидни лица
- 9. Потврда за исплатени пензии во периоди
- 10. Потврда за исплатени пензии и спроведени задршки од пензија
- 11. Преглед за пресметан и платен данок од доход за исплатени пензиски примања
- 12. Потврда за сметка во банка
- 13. Потврда за корисник на пензија без податок за износ на пензија
Фондот исто така во оваа прилика известува дека во фаза на тестирање се и следните услуги, а и кои ќе бидат ставени во употреба во наредниот период:
- – Барање за остварување на право на семејна пензија
- – Барање за остварување на право на инвалидска пензија
- – Барање за остварување на право на паричен надоместок за телесно оштетување
- – Издавање на дупликат решение.