Работник од Скопје тешко повреден додека бил на работа, итно бил пренесен во болница.

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’ со тешки телесни повреди бил донесен 54-годишниот С.А. од селото Мралино, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 11.30 часот, додека извршувал работни задачи во фирмата каде бил вработен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.